КРЕМЉ ГО ОБЈАВИ ТАЈМИНГОТ ЗА СРЕДБАТА МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН Војната во Украина ќе биде главна тема

По консултациите, Трамп и Путин ќе одржат заедничка прес-конференција.

324

Кремљ денеска го потврди распоредот за очекуваната средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп на Алјаска, со разговори што треба да започнат во петок околу 11:30 часот по локално време (21:30 по македонско време).

Војната на Русија против Украина ќе биде главна тема на агендата, изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.






По консултациите, Трамп и Путин ќе одржат заедничка прес-конференција.

Руската делегација, предводена од Ушаков, ќе ги вклучи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за одбрана Андреј Белоусов, министерот за финансии Антон Силуанов и Кирил Дмитриев, главниот преговарач на Кремљ за САД.

Средбата ќе се одржи во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ, најголемиот град на Алјаска. Ова ќе биде прва лична средба меѓу Трамп и Путин откако Трамп ја презеде функцијата во јануари и откако Путин ја започна целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите европски сојузници со загриженост го очекуваат исходот од средбата, поради стравувањата дека разговорите би можеле да доведат до договор за територијални отстапки за Русија, што Киев категорично го отфрла.

Поврзани содржини