📽️ „НЕЛИ ГЛЕДАТЕ ДЕКА ДЕТЕТО ВО ПУБЛИКА ПЛАЧЕ 10 МИНУТИ?“ Необична случка за кратко го прекинала мечот меѓу Радукану и Сабаленка

Тоа е дете. Сакате да го избркам од стадионот?, ѝ вели главната судијка на Ема Радукану на снимката. Британката ги крева рамената, на што публиката извикува „да“. Детето сепак останало на трибините. Подоцна, Радукану беше поразена од Сабаленка.

1,189

Плачот на дете во публиката накратко го прекинал мечот во Синсинати меѓу Ема Радукану и нејзината соперничка Арина Сабаленка. При резултат 4:3 и 40:40 на сервис на Радукану, таа одбила да продолжи бидејќи едно дете во публиката плачело.

– Така е веќе десет минути – ѝ рекла Радукану на главната судијка.






Судијката возвратила:

– Тоа е дете. Сакате да го избркам од стадионот?

Британката ги кренала рамената, на што публиката извикувала „да“. Детето сепак останало на трибините.

 

Сабаленка по три часа и 12 минути ја победи Радукану со 7:6, 4:6, 7:5.

Спортските медиуми пишуваа и за необичната случка на мечот меѓу Италијанецот Јаник Синер и Канаѓанецот Габриел Дијало, кој Синер го добил со 6:2, 7:6. Почетокот бил одложен поради продолжен натпревар меѓу Тејлор Фриц и Лоренцо Сонего поради прекин на струја. Во вториот сет на мечот на Синер, се вклучил противпожарен аларм и предизвикал кратка паника, но играчите продолжиле.

– Беше многу тежок ден. Сервираше добро, особено во вториот сет… Ако не играш добро во вакви тешки ситуации, можеш да изгубиш вакви натпревари – истакнал Синер по триумфот.

Поврзани содржини