„ВИ ТРЕБА НЕПРИЈАТЕЛ ДА ГИ СКРИЕТЕ НЕУСПЕСИТЕ“ Захарова ѝ порача на ЕУ дека нема да молчат

Жестока реторика од Москва, Захарова ги разобличува „вековните лаги“ против Русија.

825

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека европските политички елити имаат потреба од „непријател“ врз кого ќе ја префрлат вината за своите проблеми и неуспеси.

Таа оцени дека против Русија се води кампања на клевети, поттикната од постојани провокации, фалсификати и отворени лаги, со цел да се оправда агресијата и да се канализира негативноста во општеството.






– Во услови на акутна социо-економска криза, современите евроелити имаат витална потреба од непријател врз кого ќе ги префрлат сите проблеми и ќе ги прикријат сопствените неуспеси. Обидите за наметнување антируска, русофобична матрица на свеста продолжуваат, а важно е да се разбере дека нејзината изградба и промоција траат со векови – изјави Захарова во интервју за рускиот портал Експерт.

Таа додаде дека евроатлантските центри и понатаму сонуваат за нанесување стратешки пораз на Русија и се подготвени на сè за да ја остварат таа цел.

– Рацете на Западот го создадоа и негуваа неонацистичкиот режим во Киев, фокусиран на уништување на сè што е руско. Блицкригот против нашата земја пропадна, санкциите пропаднаа, а вооружувањето на киевските насилници не може да ја промени ситуацијата на фронтот – рече Захарова.

Таа оцени дека Русија, по распадот на СССР и турбулентните 90-ти, повторно зајакнала и го пронашла својот глас на меѓународната сцена, но, без причина, била ставена во редот на „оската на злото“.

– Само затоа што се осмеливме да имаме свое мислење, да го браниме суверенитетот и да ја кажеме вистината за убиствените авантури на Западот во Југославија, Ирак, Либија, Сирија, Украина итн. Милиони луѓе станаа жртви на тие злосторства – тоа е факт. Но, ако ги слушате западните политичари, чии раце се до лактите во крв, и контролираниот печат, ќе помислите дека ништо не се случило – вели Захарова.

Поврзани содржини