📽️ БАГЕРИТЕ ГИ ЗАМЕНИ СО ДИНАМИТ Еди Рама ги крева во воздух дивоградбите
Албанскиот премиер порача дека ова ќе биде последното поглавје во справувањето со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи и им посака на граѓаните успешна недела.
Албанскиот премиер Еди Рама на својот „Фејсбук“ профил објави видео од нова акција за рушење на бесправно изградени објекти. Според него, ова е продолжение на одлучната битка против дивоградбите кои го загрозуваат и нагрдуваат јавниот простор.
Тој порача дека ова ќе биде последното поглавје во справувањето со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи и им посака на граѓаните успешна недела.
„Со овие сцени од соочувањето со незаконитостите што ги повредуваат и нагрдуваат просторите во кои заедно живееме како синови и ќерки на оваа земја, а каде што, по секоја цена, ќе го напишеме последното поглавје од битката против градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи, ви посакувам успешна недела“, напиша Рама.