Почитувана Калина Малеска, дали и Тричковата брутална дисквалификација на химната, чиј автор е вашиот дедо Владо Малески, е „различно мислење“?

Можеби внуката на Владо Малески во Тричковата критика на химната видела аргументи што јас не можам да ги видам. Можеби ќе најде начин да застане на Тричкова страна, наспроти мене и наспроти нас кои си ја сакаме химната и го почитуваме делото на нејзиниот славен дедо. Ајде и тоа чудо да го видиме...

3,536

Под наслов „Доволно зрели да прифатиме различни мислења?“, во колумна на порталот Окно, почитуваната Калина Малеска ме обвинува дека замолчувам книжевна критика, дека обесхрабрувам полемика, дека сосечувам различно мислење навлекувајќи општа омраза кон авторот и слично.

Се разбира, Малеска е мајстор на перото и е доволно вешта својата критика да ја „завитка“ во прашална форма и да не ги спомне ни моето име, а ниту името на ликот чие „различно мислење“ наводно сум го „сосекол“, обесхрабрувајќи полемика.






Сепак, клучната референца во нејзиниот текст – Шекспир и моето спомнување на општо познатиот факт дека станува збор за светски признат драмски писател – доволно јасно упатува на мојата колумна, во која остро го критикував македономрзецот Бранко Тричковски, за неговото омаловажување на Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски и на Горан Стефановски.

„Англиската книжевна теорија и критика – пишува Малеска во обид да го ‘демонтира’ мојот аргумент за Шекспир – и понатаму продолжува да негува различни мислења за Шекспир, да овозможува да се анализираат и да се објавуваат и колонијалистичките и расистичките и патријархалните елементи во неговите дела. И никој не мисли дека тоа е удар на англиската книжевност или поткопување на англискиот идентитет… Тоа негување на различни гледишта, меѓу кои и остри критики, никој не го нарекува омаловажување“.

Лесно би се согласил со ова гледиште на Малеска, кога ејакулатите од вербалните онании на Бранко Тричковски некој разумен и нормален навистина би можел да ги нарече „мислења“, па макар и неодмерени и претерани. Но, „мислењата“ на македономрзецот се лишени од секаква аргументација, тие се класични навреди, омаловажување и чист говор на омраза.

За да ѝ биде тоа појасно на Малеска, ќе се послужам со примерот на „книжевната критика“ со која Бранко Тричковски пишува за македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, чиј автор е нејзиниот дедо Владо Малески. Ако смеам да кажам, познатиот и признат Владо Малески…

Тричковски за оваа песна вели: „Химната е шкрипотина од неподмачката врата која прави проблеми и во соседството!“

Ја повикувам Калина Малеска, која и самата е талентирана и веќе проминентна писателка, да се потруди да ги детектира аргументите во „книжевната критика“ на Бранко Тричковски на химната, на делото чиј автор, да повторам, е Владо Малески. Исто така како што ни ги објасни основите за книжевната критика на делата на Шекспир.

Јас такви аргументи од македономрзецот немам прочитано.

Неговото „мислење“ за химната е брутална и неаргументирана дисквалификација на едно книжевно дело, со елементи на класичен говор на омраза кон авторот Владо Малески.

Но, ете, можеби јас не сум во право. Можеби внуката на Владо Малески во Тричковата критика на химната видела аргументи што јас не можам да ги видам. Можеби ќе најде начин да застане на Тричкова страна, наспроти мене и наспроти нас кои си ја сакаме химната и го почитуваме делото на нејзиниот славен дедо.

Баш би сакал да го видам и тоа чудо…

Поврзани содржини