ТРАМП ВОВЕДЕ ВИСОКИ ЦАРИНИ НА ЗЛАТНИ ПРАЧКИ ОД ЕДЕН КИЛОГРАМ Хаос на пазарот, Швајцарија најпогодена
Според одлуката на американската Агенција за царинска и гранична заштита (CBP) од 31 јули, овие прачки сега спаѓаат под тарифен код кој подлежи на царини, наместо на претходната класификација што ги ослободуваше од националните давачки на американскиот претседател доналд Трамп.
Соединетите Американски Држави воведоа високи царини за увоз на златни прачки од еден килограм и 100 унци, што би можело значително да го вознемири глобалниот пазар на злато и дополнително да ја погоди Швајцарија – најголемиот центар во светот за рафинирање на скапоцени метали.
Според одлуката на американската Агенција за царинска и гранична заштита (CBP) од 31 јули, овие прачки сега спаѓаат под тарифен код кој подлежи на царини, наместо на претходната класификација што ги ослободуваше од националните давачки на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тоа е најчесто тргуваната големина на њујоршката берза Comex, која сочинува најголем дел од извозот на злато од Швајцарија во САД.
Овој потег доаѓа кратко откако Вашингтон воведе царина од 39% за швајцарскиот увоз, дополнително затегнувајќи ги односите меѓу двете земји. Според податоците, во изминатите 12 месеци, Швајцарија извезла злато во вредност од 61,5 милијарди долари во САД. Сега истата количина би била оптоварена со дополнителни трошоци од околу 24 милијарди долари.
– Одлуката на царината зададе „уште еден удар“ врз трговијата со злато на Швајцарија со САД – рече Кристоф Вајлд, претседател на Швајцарското здружение на производители и трговци со скапоцени метали.
Тој додаде дека царината за злато ќе го отежни задоволувањето на побарувачката за жолтиот метал.
Пазарот на злато е веќе под притисок – цената се зголеми за 27% од крајот на 2024 година, накратко достигнувајќи рекордни 3.500 долари за унца. Стравот од инфлација, високиот национален долг и падот на вредноста на американскиот долар дополнително го поттикнуваат растот на побарувачката.
Глобалниот проток на злато традиционално следи „триаголен“ пат: големи прачки од 400 унци циркулираат помеѓу Лондон и Њујорк, преку Швајцарија, каде што се преработуваат во помали формати од еден килограм за американскиот пазар. Сега тој пат е сериозно загрозен.
Неколку швајцарски рафинерии веќе ги намалија пратките за САД.