ДРАМА НА ПЛОШТАДОТ ВО ГРАСТЕН На членка на кралското семејство наеднаш ѝ се слошило, интервенирала брзата помош

Драматичен момент за време на јавен настан на плоштадот во данскиот град Грастен ги стаписал сите присутни

201

Неочекувана ситуација се случи во данското кралско семејство. Имено, кралицата Мери (53) почувствувала силна болка во бутот додека се среќавала со граѓаните на улиците на данскиот град Грастен и почнала да куца.

Кратко потоа, ѝ била укажана медицинска помош.
Овој непријатен момент се случил додека кралицата држела букет цвеќе што го добила од обожавател.






Покрај неа, на собирот биле и нејзиниот сопруг, кралот Фредерик (57), ќерката принцезата Изабела (18) и синот принцот Винсент (14), кои веднаш ѝ притрчале на помош. Кралицата набрзо била однесена да се опорави во блискиот хотел.

Според данските медиуми, наводната причина за овој несреќен настан е убод од оса.

Иако не можела да продолжи со програмата, кралицата инсистирала остатокот од семејството да остане и да ја заврши средбата со граѓаните.

Според данското списание „Billed-Bladet“, „кралицата не изгледала сериозно погодена од убодот и заедно со кралот, Изабела и Винсент, се погрижила да ги поздрави собраните граѓани на плоштадот“.

По краткото закрепнување, кралицата му се придружила на своето семејство во замокот Грастен, каде што ќе го поминат остатокот од летото.

Поврзани содржини