„ТРАМП ГО ГУБИ ТРПЕНИЕТО“ Рубио со ишарет до Путин да преземе иницијатива

Иако има добри телефонски контакти со рускиот претседател Владимир Путин, од тие разговори нема вистински резултати. Доаѓа време за конкретна акција и претседателот тоа јасно го стави до знаење

1,629

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека претседателот Доналд Трамп сè повеќе губи трпение поради одолговлекувањето на Русија во однос на завршувањето на војната во Украина.

– Иако има добри телефонски контакти со рускиот претседател Владимир Путин, од тие разговори нема вистински резултати. Доаѓа време за конкретна акција и претседателот тоа јасно го стави до знаење – изјави Рубио за Фокс Њуз.






Тој додаде дека ова не е војна која Трамп ја започнал, но дека прави сè што може за да ја заврши.

Рубио изјави и дека над 100.000 руски војници загинале од почетокот на годината и го обвини Кремљ дека користи тактика на одолговлекување. Според него, Кина игра клучна улога во одржувањето на конфликтот преку поддршка за Русија, особено со купување руска нафта.

Тој нагласи и дека некои земји како Кина, Русија и Северна Кореја станале повнимателни во поддршката на Иран, откако САД демонстрирале моќ преку прецизни воени операции.

– Претседателот Трамп ги потсети светските сили на воената супериорност на Америка – изјави Рубио.

Поврзани содржини