ЕКОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА СЕ ИСТАКНУВА Нов извештај на ЕУ за земјите од Западен Балкан

Иако економскиот раст во регионот се забавува, нашата земја останува над границата од 3%, со стабилен буџет и историски ниска невработеност.

721

Македонија останува една од економски поотпорните земји на Западен Балкан, и покрај забавувањето на економската активност во целиот регион, покажува најновиот извештај на Европската комисија за земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

Во првиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП на Западен Балкан забележа пад од 3,3% на 2,3%. Сите земји во регионот покажале послаб раст, но Македонија, заедно со Албанија и Косово, останала над границата од 3%, што се смета за добар резултат во услови на економска неизвесност.






Економскиот раст беше поттикнат од домашната побарувачка. Потрошувачката остана клучен придонесувач за растот во првиот квартал од 2025 година. Потрошувачката на домаќинствата беше придружена со континуиран висок раст на платите низ целиот регион. Понатаму се наведува дека динамиката на трговијата генерално се карактеризираше со поголем увоз во споредба со извозот, што доведе до негативни придонеси на меѓународната трговија кон растот на БДП.

Стапката на невработеност се намали во повеќето земји од регионот во првите три месеци од 2025 година. Невработеноста во регионот беше на историски најниско ниво, но сепак повисока отколку во ЕУ.

Во согласност со намалувањето на економската активност, растот на вработеноста се забави на 0,2 проценти во Западен Балкан.

Во четирите квартали до март, нето приливот на странски директни инвестиции се намали во повеќето земји во регионот, особено во Македонија и Србија, во споредба со 2024 година.

Девизните резерви се намалија во некои земји во регионот.

Просечната годишна инфлација се забрза на 3,7 проценти во првиот квартал од 2025 година.

Инфлацијата во вториот квартал од оваа година, се движеше се од 2,3 проценти во Албанија до 4,3 проценти во Црна Гора.

И покрај силниот раст на приходите, буџетските расходи пораснаа со побрзо темпо, а фискалните биланси се влошија во речиси сите економии на Западен Балкан во првите пет месеци од 2025 година, освен во Македонија.

Во Турција, годишниот економски раст дополнително се забави на два проценти во првиот квартал од 2025 година.

Годишната инфлација на потрошувачки цени во земјата падна на 35 проценти во јуни, најниско ниво од ноември 2021 година, главно благодарение на пониските цени на храната.

Поврзани содржини