И АЛКАРАЗ СЕ ОТКАЖА ОД ТУРНИРОТ ВО ТОРОНТО Сака да закрепне физички и психички за идните натпревари

Турнирот во Торонто ќе се одржи од 26 јули до 7 август.

106

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја објави својата одлука да се повлече од турнирот АТП 1000 во Торонто.

Вториот светски тенисер како причина го наведе зафатениот распоред и заморот.






– По многу недели натпреварување по ред без одмор, нема да можам да се натпреварувам во Торонто оваа година. Имам некои мали мускулни проблеми, треба да закрепнам физички и психички за идните натпревари. Многу ми е жал што нема да можам да се сретнам со навивачите во Торонто. Се гледаме следната година! – напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Претходно стана познато дека тенисерите од топ 10 – Италијанецот Јаник Синер, Србинот Новак Ѓоковиќ и Британецот Џек Дрејпер ги откажаа настапите.

Турнирот во Торонто ќе се одржи од 26 јули до 7 август. Минатата година, Алкараз исто така го пропушти овој канадскиот турнир.

НОЛЕ И СИНЕР ГИ РАЗОРАЧАА ФАНОВИТЕ Се повлекуваат од турнирот во Торонто поради нивните повреди

Поврзани содржини