МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН СЕ УДАВИ ВО БЛИЗИНА НА ДРАЧ Влегол во морето и добил срцев удар

Немилиот настан се случи во 19 часот кога 66-годишен жител на Македонија се удави во морските води. Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето, соопшти албанската полиција.

1,211

Во близина на Драч, Албанија, на плажата кај Каваја, попладнево се удави македонски државјанин.

„Немилиот настан се случи во 19 часот кога 66-годишен жител на Македонија се удави во морските води. Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето“, соопшти албанската полиција.






Откако го забележале давеникот, кон него веднаш се упатиле други лица од плажата, а интервенирала и итна помош, но екипата само констатирала смрт.

Поврзани содржини