ВРАБОТУВАЊЕТО НА 155 ХОНОРАРЦИ ОД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ СЕ РЕШИ СИСТЕМСКИ Владата не ги дели граѓаните на тетовци, струмичани, гостиварци…

Не ги двоиме граѓаните, мислам дека по повеќе од година дена требаше да стане јасно дека оваа Влада не ги дели ниту по град, ниту по општина, ниту по етничка припадност граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Тетово.

203

Системски се решава проблемот со хонорарно вработените во тетовската болница, порачаа денеска од Тетово премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово Биљал Касами од Тетово по обвинувањата од ДУИ дека нема согласност за засновање на постојан работен однос на 155 медицински сестри и други профили во Клиничката болница Тетово.

– Не ги двоиме како Влада и нема да ги двоиме дали вработените се во Тетово, во Струмица, во Гостивар или во Гевгелија. Ние сме Влада на сите граѓани, на Македонци, на Албанци, на Турци, на Срби, на Власи, на Бошњаци, на Роми, на тетовчани, на струмичани, на гостиварци, на битолчани, на прилепчани, на кичевчани, на сите. Треба да се навикнеме на таква Влада, мислам дека по повеќе од година дена требаше да стане јасно дека оваа Влада не ги дели ниту по град, ниту по општина, ниту по етничка припадност граѓаните – истакна Мицкоски при посетата на Тетово.






Касами потсети дека во ресорот здравство имаше промена на министерот, а дека постапката за траен работен однос е почнат.

– Знаме дека се работи за промена на министерот за здравство каде оваа процедура е почната од порано и требаше да се заврши порано. Но, претходниот министер наместо да се занимва со работите, одговорностите кои ги имаше како министер, се занимавше повеќе со политика. Сега со новиот министер и заедно со Владата, работиме тоа прашање во склоп на сите вработувања во здравствениот систем и во други болници да се реши во интерес на пациените и во интерес на граѓани – истакна Касами.

Поврзани содржини