СЛЕДУВА ПЕКОЛЕН ПОНЕДЕЛНИК Температурите ќе достигнат 40 степени, сонцето ќе пече низ цела земја

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветар од југозападен правец.

2,090

Македонија ја очекува уште еден исклучително топол ден, според прогнозата на УХМР за понеделник, 21 јули. Времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен ветар од западен и од југозападен правец.

Минималните утрински температури ќе изнесуваат од 14 до 19 степени Целзиусови, а максималните дневни температури ќе изнесуваат од 31 до 40 степени Целзиусови.






Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветар од југозападен правец.

Поврзани содржини