13-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ БРУТАЛНО ИСТЕПАНО ОД ТАТКОТО И ОД БРАТОТ Полицијата ги привела осомничените во Радовиш
Според информациите од МВР, утрово околу 04.25 часот во Радовиш биле уапсени 46-годишен маж и неговиот 21-годишен син, откако лекар од Итната помош пријавил дека 13-годишно девојче со видливи повреди побарало медицинска помош.
Двајца мажи од радовишко утрово се приведени поради сомневање дека физички нападнале малолетничка.
Како што соопшти МВР, околу 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода 46-годишниот И.А. и неговиот 21-годишен син А.А., откако лекар од Итната медицинска помош пријавил дека кај нив се јавило 13-годишно девојче со видливи телесни повреди, кое барало лекарска помош.
Малолетничката, според полицијата, изјавила дека повредите ѝ биле нанесени токму од нејзините татко и брат.
За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а вработен од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Радовиш, извршил разговор со девојчето. По целосно расчистување и документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.