ЧОВЕК СЕ УДАВИЛ ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРО Телото испливалo кај струшкото крајбрежје
По извршениот увид, било идентификувано дека се работи за 49-годишниот жител на селото Волино, општина Дебрца, со иницијали К.И.
Во попладневните часови на 19 јули, во 16:30 часот, во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно машко тело, информираа од ОВР Струга.
По преземените мерки и извршениот увид, било утврдено дека станува збор за 49-годишниот К.И. од селото Волино, општина Дебрца.
Екипа од Итната медицинска помош на местото ја констатирала смртта, при што не биле забележани траги на насилство.