ПИЈАН КУМАНОВЕЦ ФРЛИЛ МОЛОТОВ КОКТЕЛ И ЗАПАЛИЛ СУВА ТРЕВА Имал 2,40 промили во крвта кога бил приведен
Настанот бил пријавен во 02:10 часот, а по интервенција на полицијата на самото место бил затекнат 27-годишниот С.С. од Куманово, кој, според сведочењето на очевидец, бил идентификуван како лицето што го предизвикало пожарот.
Во раните утрински часови денеска, во неделата, во кумановската населба Средорек избувнал пожар откако лице во алкохолизирана состојба фрлило молотов коктел врз сува трева, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот бил пријавен во 02:10 часот, по што полициска екипа излегла на терен и го затекнала осомничениот, 27-годишниот С.С. од Куманово. Според полицијата, очевидец го посочил токму него како сторител на делото.
По приведувањето, било утврдено дека С.С. имал 2,40 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, а против него ќе бидат преземени соодветни мерки.