📷 СКАНДАЛОТ СО КИС КАМЕРАТА НЕПРЕСУШНА ИНСПИРАЦИЈА Јака журка на социјалните мрежи

Интернетот, како и многупати досега, брзо реагираше на моментот кога на концертот на Колдплеј беше фатен маж во прегратка со жена за која подоцна се дозна дека не му е сопруга, туку наводно љубовница. Сцената предизвика бројни реакции и бргу стана вирална, а корисниците на социјалните мрежи ја претворија во инспирација за низа креативни и сатирични фотомонтажи. Во продолжение ви прикажуваме дел од највпечатливите.

1,877

Бендот Колдплеј, покрај музичкиот спектакл што го приреди во живо, сосема неочекувано стана дел од настан што привлече внимание ширум интернетот – момент кога камерата на стадионот фати извршен директор во прегратка со жена која, како што подоцна излезе, не е неговата сопруга, туку љубовница.

Сè започна кога камерата го прикажа моментот на блискост помеѓу маж и жена, при што тој нежно ја прегрнуваше, а нивната поза налик на класичната „Kiss Cam“ сцена побуди реакции од публиката, особено откако двајцата се сокрија од камерата, што само ја влоши ситуацијата. Подоцна, снимката се прошири на социјалните мрежи, каде што беше идентификувано дека мажот е директор, а жената е вработена во неговата компанија.






Интернетот, како и многупати досега, не остана рамнодушен. Настанот доби бројни интерпретации, а сцената беше искористена како инспирација за креативни и за сатирични варијации. Еве дел од најзабележаните фотомонтажи што го преплавија интернетот.

Клинтон и Левински: Класика во жанрот „фатен на дело“.  Исто како 1998 година, само со помалку цигари.

Чарли Шин и торбата со лед – или не баш лед. Некои луѓе имаат слабост за швалерки, некои за супстанции. Чарли ги избра и двете – во различни пригоди.

Пи Диди и Џастин Бибер – Вип секција. Не е потребен понатамошен коментар

Фото: Социјални мрежи

Трамп и Нетанјаху фатени на дело. Љубовта понекогаш може да добие политичка димензија.

Мишел и Барак Обама. Родовите улоги се сменети кога си знае кој држи сè под контрола.

Фото: Социјални мрежи

Путин, во бунтовнички аутфит, прегрнат со Зеленски. Понекогаш љубовта може да ги реши сите несогласувања.

Од ова се извлекува важен заклучок. Никогаш не седнувај на концерт со личност со која сте во сомнителна врска, особено кога има 12 камери, 50.000 сведоци и интернет со нула филтри.

Интернетот, како и многупати досега, брзо реагираше на моментот кога на концертот на Колдплеј беше фатен маж во прегратка со жена за која подоцна се дозна дека не му е сопруга, туку наводно љубовница. Сцената предизвика бројни реакции и бргу стана вирална, а корисниците на социјалните мрежи ја претворија во инспирација за низа креативни и сатирични фотомонтажи. Во продолжение ви прикажуваме дел од највпечатливите.

Поврзани содржини