ДОАЃА НОВ ТОПОЛ БРАН Tемператури над 40 степени од понеделник

Во текот на следната работна седмица дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C, соопшти УХМР.

278

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека од утре, сабота, почнува период на многу топло време кој ќе трае во текот на целата идна седмица.

Топлиот бран доаѓа под влијание на топла воздушна маса од југ.






– Од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C – соопшти УХМР.

Поврзани содржини