75-ГОДИШЕН ОХРИЃАНЕЦ „ЛЕТАЛ“ СО „АУДИ“ ВО ПРЕСПАНСКО Возел со брзина од 126 километри на час, а дозволена била до 50

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Џ. управувал патничко возило со брзина од 126 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час, соопшти полицијата.

226

Ресенската полиција вчера уапси 75-годишен возач од Охрид. Тој на регионален пат возел „ауди“ со брзина од 126 километри на час, а на патот дозволената брзина е до 50 километри на час.

„На 17.7.2025 година во 14.21 часот на регионалниот пат Царев двор-Макази, кај местото викано Ипоз Преспа, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.Џ.(75) од Охрид. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Џ. управувал патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час“, соопшти полицијата.






За настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосното документирање на случајот на возачот ќе му биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението од полицијата.

Поврзани содржини