ФАТЕНИ СРЕДЕ НОЌ КАКО КРАДАТ ОД КУТИЈА ЗА ДОНАЦИИ ВО ЦРКВА Уапсени двајца малолетници во Прилеп

На 18.7.2025 година во 4.35 часот на улицата Цар Самоил во Прилеп, полициски службеници лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници кои биле затекнати во кражба од метално сандаче за доброволен прилог од црква, соопшти прилепската полиција.

176

Полицијата ноќеска уапсила двајца малолетни прилепчани, кои се фатени на дело при кражба од црква.

„На 18.7.2025 година во 4.35 часот на улицата Цар Самоил во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп. Тие биле затекнати како вршат кражба од метално сандаче за доброволен прилог од црква. Приведени се во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти прилепската полиција.

 

Поврзани содржини