ПАНИКА ВО СДСМ, ФИЛИПЧЕ ПОД ОГРОМНА ТЕНЗИЈА Можно ли е СДСМ да остане без кандидат за градоначалник на Скопје?
Скопје ги знае СДСМ по неработење, криминал, неспособност и токму затоа граѓаните ја изгубија довербата во партијата предводена од Филипче, а и тој лично знае дека ги чека дебакл уште во првиот изборен круг, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во СДСМ владее очај и конфузија, Венко Филипче не може да најде кандидат за градоначалник на Градот Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ и Филипче се во паника бидејќи ниту на оглас не можат да најдат кандидат, па по цели денови бараат решение и молат луѓе да прифатат кандидатура, но никој не сака да се впушти во битка која е однапред изгубена. Во СДСМ се свесни за катастрофалниот пораз што ги чека во октомври, бидејќи ги гледаат резултатите од анкетите, кои покажуваат сооднос 5:1, во корист на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Рејтингот на СДСМ и на нивните потенцијални кандидати за Скопје е на историско дно, се додава во соопштението.
„Скопје ги знае СДСМ по неработење, криминал, неспособност и токму затоа граѓаните ја изгубија довербата во партијата предводена од Филипче. А и тој лично знае дека ги чека дебакл уште во првиот изборен круг. Филипче очајно се обидува да најде лице кое ќе прифати да биде дел од бродот што тоне и да го сноси поразот додека рејтингот им е на ниво на статитстичка грешка“, се вели во соопштението.