ФИЦО ОТСТАПИ, ЕУ ГИ ОДОБРИ САНКЦИИТЕ ЗА РУСИЈА Еве што го премисли словачкиот премиер да го крене ветото

Словачкиот премиер на социјалните мрежи објави дека земјата добила гаранции од ЕУ во врска со цените и снабдувањето со гас. Сепак, тој напомена и дека „е потребен натамошен дијалог“ за да се обезбеди енергетската безбедност на Словачка.

2,475

„ЕУ штотуку одобри еден од своите најсилни пакети санкции против Русија досега“.

Вака напиша во петокот наутро највисоката дипломатка на ЕУ, Каја Калас, на Икс.






Бриселски Политико објави дека ЕУ ќе ја намали ценовната граница на руската нафта и ќе воведе дополнителни санкции врз Москва откако словачкиот премиер Роберт Фицо го отфрли своето противење на најновиот пакет мерки.

Одобрените мерки го ограничуваат пристапот на руските банки до трансакции, се насочени кон 105 бродови од „сенката на флотата“ што се користат за избегнување на санкциите и забрануваат какви било трансакции поврзани со цевководите „Северен тек“.

Претходно, дипломати за агенцијата ДПА изјави дека согласноста е постигната откако Словачка реши да не го блокира пакетот. Во замена, словачкиот премиер добил гаранции од ЕУ во врска со цените и снабдувањето со гас.

Сепак, тој напомена и дека „е потребен натамошен дијалог“ за да се обезбеди енергетската безбедност на Словачка.

Фицо вчера, 17 јули, изјави дека им наложил на претставниците на Словачка да ги одобрат мерките, велејќи дека продолжувањето на блокирањето на потегот би било „контрапродуктивно“ за интересите на Словачка како членка на ЕУ.

„Во овој момент, би било контрапродуктивно да се продолжи со блокирање на 18-тиот пакет санкции утре“, рече Фицо во видео објавено на Фејсбук.

Новиот, 18. пакет санкции на ЕУ е насочен кон енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.

 

Словачка досега го задржауваше 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија поради загриженост во врска со специјалниот план на Европската комисија за целосно запирање на увозот на гас од Русија почнувајќи од 2028 година.
Поврзани содржини