ТАА Е НОВА ПРЕМИЕРКА НА УКРАИНА Се очекува Јулија Свириденко да ја одржи стабилноста во земјата

Свириденко доаѓа на местото на Денис Шмихал, кој ја извршуваше функцијата пет години, што е најдолг мандат во историјата на земјата.

275

Поранешната потпретседателка на украинската влада, Јулија Свириденко, денеска е избрана за нова премиерка на Украина.

За нејзиното именување гласале 262 од 450 членови на Врховната рада.






Таа доаѓа на местото на Денис Шмихал, кој ја извршуваше функцијата пет години, што е најдолг мандат во историјата на земјата. Шмихал ќе ја преземе функцијата министер за одбрана од Рустем Умеров, за кого се смета дека ќе стане нов амбасадор на Украина во Соединетите Американски Држави.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предложи Свириденко да ја предводи украинската влада.

Зеленски истакна дека со Јулија Свириденко разговарал и за спроведување на договорите со европските и со американските партнери, кои беа постигнати за време на неодамнешната Конференција за обнова на Украина одржана во Рим.

– Мораме што поскоро да спроведеме сè што може да ја поддржи стабилноста на нашата држава и општество – заклучи Зеленски.

Поврзани содржини