📽 ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА СИРИСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА СО ДРОНОВИ Нападот фатен во живо, ТВ-студиото се тресе, водителката почнува да бега
За време на нападот, сириските офицери се засолниле во подрум. Израелската војска прецизира дека го погодила „влезот на воениот штаб на сирискиот режим“ во Дамаск и дека продолжува „да ги следи случувањата и мерките што се преземаат против друзиските цивили во јужна Сирија“.
Израелската војска соопшти дека во средата го нападнала влезот на сириското Министерство за одбрана во Дамаск, засилувајќи ги нападите врз властите предводени од исламисти, со образложение дека сака да ја заштити друзиската заедница од штети предизвикани од владините сили, објави Ројтерс.
Ова е трет ден по ред како Израел изведува напади врз Сирија, каде што безбедносните сили на сириската влада се судрија со локални друзиски борци во јужниот град Свејда.
Безбедносни извори од Министерството за одбрана за Ројтерс изјавиле дека најмалку 2 напада со дронови го погодиле објектот, при што офицерите биле принудени да се засолнат во подрумот. Државната телевизија Електбарија јави дека во нападот биле ранети двајца цивили.
Израелската војска прецизира дека го погодила „влезот на воениот штаб на сирискиот режим“ во Дамаск и дека продолжува „да ги следи случувањата и мерките што се преземаат против друзиските цивили во јужна Сирија“.
Нападот бил фатен во живо за време на телевизиско пренесување, кога студиото се затресело и водителката прекинала со програмата.
Израел удри и по друзискиот град Свејда
Според сириските државни медиуми и очевидци, израелски напади во текот на средата го погодиле и претежно друзискиот град Свејда, каде што четврти ден по ред траеа борби и каде што бргу се распадна договорот за прекин на огнот, прогласен претходната вечер.
Сириската влада во понеделникот испратила трупи во регионот на Свејда со цел да го сопре судирот меѓу друзиските борци и бедуински вооружени групи, но на крајот дошло до конфронтација и со самите друзиски милиции.
Локалниот медиум Свејда 24 јави дека градот Свејда и околните села биле под силен артилериски и минофрлачки оган рано во средата. Сириското Министерство за одбрана, преку државната новинска агенција САНА, ја обвинило „нелегалната група“ во Свејда за нарушување на примирјето.
Министерството ги повикало жителите на градот да останат во своите домови. Неколкумина жители, со кои Ројтерс успеал да стапи во контакт, телефонски изјавиле дека се заклучени дома од страв, без струја.
Трамп побарал од Израел да не ја напаѓа веќе Сирија
Претходно во вторникот, администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, побарала од Израел да ги запре нападите врз сириските воени сили на југот на Сирија, објави Аксиос, повикувајќи се на неименуван американски претставник, пренесе Ројтерс.
Израелските претставници им одговориле на американските колеги дека ноќта во вторникот ќе ги запрат нападите, објави новинарот на Аксиос, Барак Равид на Икс, повикувајќи се на извор.
Сириското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Израел сноси целосна одговорност за најновите напади врз јужна Сирија и за последиците од тие напади. Министерството соопшти дека има за цел да ги заштити сите сириски граѓани без исклучок, вклучително и малцинството Друзи.
Духовното раководство на Друзите ги повика вооружените фракции да соработуваат со владините сили, да не пружаат отпор на нивниот влез и да го предадат оружјето на Министерството за внатрешни работи.
Syria BREAKING: Israeli strikes once again hit the Ministry of Defense in the center of Damascus.
Caught live on television. pic.twitter.com/jELgvBrHBi
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) July 16, 2025