МЛАД БИТОЛЧАНЕЦ „ЛЕТАЛ“ СО 200 НА ЧАС Полицијата го фатила и го привела на автопатот Демир Капија – Миравци
При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило БМВ, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.
Приведен е возач од Битола, кој управувал возило со брзина од 197 км на час на место каде е дозволено 80 км на час, соопшти полицијата.
Можеби ќе ве интересира
На 14.07.2025 во 18.10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Р.(29) од Битола. При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило БМВ, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.