МАСК ЈА ПРИТИСКА ТЕСЛА, БАРА ЧЕТВРТИНА ОД АКЦИИТЕ Еве што се крие зад потегот на техномилијардерот
Доколку акционерите се согласат, Маск ќе стекне непропорционална контрола врз делот со вештачка интелигенција(xAI), што според аналитичарите, е неговата главна намера. Ако акционерите одбијат, Тесла ќе го изгуби лидерството во овие технологии.
Еден од најбогатите луѓе на светот побара од сопствената компанија Тесла четвртина од уделот и гласачката моќ, заканувајќи се дека во спротивно ќе го премести развојот на вештачка интелигенција и роботика во својата друга компанија, xAI.
Техномилијардерот Илон Маск со својата одлука ги зголеми стравувањата на инвеститорите. Неговиот ултиматум може да ја наруши долгорочната конкурентност на Тесла.
Маск изјавил дека не се чувствува сигурно во лидерската улога за вештачка интелигенија и роботика во Тесла со сегашните акции кои ги поседува, бидејќи постои ризик да биде сменет од големи акционери.
Западните медиуми пишуваат дека неговата одлука не е финансиска, туку е обид за контрола на технологиите за вештачка интелигенција.
Ројтерс јави дека си даде отказ извршната директорка на Икс, Линда Јакарино, која раководеше со социјалната мрежа во соработка со милијардерот.
Назначена пред две години со цел да ги врати огласувачите на мрежата, таа беше под притисок да ги спои во функционирањето Икс и xAI.
„После две неверојатни години решив да си дадавам оставка од функцијата извршен директор на Икс“, напиша Јакарино на Икс.
Маск ѝ одговори: „Благодарам за твојот придонес“.
Аналитичарите предупредуваат дека барањето на Маск за 25% акции создава огромен конфликт на интереси во Тесла.
Доколку акционерите се согласат, Маск ќе стекне непропорционална контрола врз делот со вештачка интелигенција(xAI), потенцијално нарушувајќи демократските принципи на управување во јавна компанија.
Ако го одбие Маск, Тесла ризикува да ја изгуби предноста во автономно возење што го нудат нејзините електрични автомобили, но и предноста во роботиката, како кај роботот Оптимус, кој исто така користи вештачка интелигенција.
Овие технологии би можеле да бидат преселени во xAI, компанијата за која Маск веќе бара поголем удел.
Овој пресврт не е само финансиски судир, туку се чини дека Маск ја отвора глобалната дебата за тоа која компанија може поефикасно да ги води граничните технологии?
Дали Тесла ќе остане автомобилска компанија или ќе се трансформира во АИ лидер под целосна контрола на својот основач?