НОВ ЛИК НА ЧЕЛОТО НА ОДБРАНАТА Зеленски му предложи нова функција на поранешниот премиер Шмихал

Зеленски предлага нов министер за одбрана и најавува ревизија на партнерските договори, додека Украина се подготвува за целосна реконструкција на владата.

368

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го номинираше поранешниот премиер Денис Шмихал за нов министер за одбрана, нагласувајќи дека неговото искуство ќе биде од клучно значење во најчувствителниот ресор во земјата.

– Огромното искуство на Денис Шмихал дефинитивно ќе биде корисно на функцијата министер за одбрана на Украина. Тоа е областа каде што ресурсите се максимални, задачите се најголеми, а одговорноста е огромна – порача Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање.






Тој додаде дека очекува доволна поддршка од украинските пратеници за новиот состав на владата и дека е неопходна брза ревизија на сите постојни договори со меѓународните партнери.

– Важно е да се знае што функционира, а што треба да се зајакне или промени – рече претседателот.

Номинацијата доаѓа во време на пошироки политички промени – претходно Зеленски ја повика првата вицепремиерка Јулија Свириденко да ја преземе функцијата премиерка и да ја предводи новата украинска влада. Овие чекори се дел од обидите за внатрешна консолидација, во услови на сè понеизвесни изгледи за крај на војната со Русија.

Поврзани содржини