БУЈАР ОСМАНИ ВО ЧАИР, ТАРАВАРИ ВО ГОСТИВАР, СЕЛА ВО СТРУГА, РАМИЗ МЕРКО ДОМА Познати адутите на ДУИ и на „Европскиот фронт“

Порталот Курир го открива договорот во „Европскиот фронт“ за настап на локалните избори.

4,311

Паднал договор во „Европскиот фронт“ за поделба на кандидати за градоначалничките места на следните лојкални избори, тврди порталот Курир.

Бујар Османи ќе се натпреварува во скопската општина Чаир, Арбен Таравари пак ќе се трка за Гостивар, додека Зијадин Села ќе се бори за Струга. За досегашниот струшки градоначалник Рамиз Мерко, кој е на црната листа на САД, нема место на кандидатските листи.






Кандидати на ДУИ ќе бидат и Еркан Арифи за Липково, Бајрам Реџепи за Тетово, Бесник Емшиу за Боговиње, Емир Сулејман за Желино, Аркин Јахији за Брвеница, Суат Шакири за Чашка и Алија Јаоски за Пласница.

Партијата на Села ќе има кандидат и за Дебар (Тирон Јајага) и за Арачиново (Дритон Небиу).

Таравари и неговата партија, пак, ќе имаат кандидати за Врапчиште (Исен Шабани) и за Сарај (Блерант Рамадани).

Поврзани содржини