📽️ ПОПЛАВИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА КАТАЛОНИЈА Автомобили се заробени на улиците, приземјен е авион

Болница во Барселона мораше да го прекине приемот на нови пациенти поради поплавен подрум и прекин на струја, а патнички авион кој полетал кон САД се вратил назад бидејќи од силниот дожд(град) му бил оштетен носив дел. Нема извештаи за жртви. Црвениот метеоаларм за североистокот на Шпанија останува на сила.

1,072

Силен порој го преплави срцето на Каталонија, поплави болница во Барселона и приземји патнички авион, додека аеродромот и железничкиот сообраќај беа целосно запрени, јави Ројтерс.

– Властите прогласија црвен метеоаларм – изјави портпаролот на државната метеоролошка агенција на Шпанија, АЕМЕТ.






Агенцијата соопшти и дека во некои делови на земјата наврнале до 90 литри дожд на квадратен метар за само неколку часа. Некои медиуми во Шпанија напишаа дека бројката изнесува и над 100 литри.

 

Болница во Барселона мораше да го прекине приемот на нови пациенти поради поплавен подрум и прекин на струја, а патнички авион кој полетал кон САД се вратил назад бидејќи од силниот дожд(град) му бил оштетен носив дел. Железничкиот сообраќај низ Каталонија беше стопиран. „Ренфе“ ги суспендираше сите брзи, регионални и приградски линии.

 


Службите за итни случаи соопштија дека над 70 лица побарале помош. Нема извештаи за сериозно повредени. Црвениот аларм бил укинат по два часа, но предупредувањата за нестабилно време остануваат на сила.

Силни врнежи погодија и делови од Арагон и Валенсија, каде што властите апелираат на претпазливост поради можно ново влошување на временските услови.

Поврзани содржини