СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ГО ОСУДИЈА НАПАДОТ ВРЗ ДАНЕЛА Бараат институциите да ги најдат виновниците

386

Советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во Град Скопје соопштија дека осудуваат секаков вид на насилство, притисоци и закани, откако денеска на Бит Пазар физички и вербално беше нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска.

„Било кое такво однесување е неприфатливо и надвор од здравиот разум. Воедно бараме институциите да го расветлат случајот, се до конечно дознавање на вистината и утрдување на фактите на случајот кој ја разбранува јавноста“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






СДСМ најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје.
„Со недели наназад, јавноста гледаше како во Скопје се откриваат скандали, дивоградби, приклучоци, милионски малверзации, но наместо истрагите да завршат со расчистување на криминалот, завршија со закани. Наместо институциите да ги казнат криминалците, молчеа. Наместо полицијата да ги заштити граѓаните и правото — дозволи ова да се случи. Бараме од Министерството за внатрешни работи и од обвинителството да постапат веднаш и да ја преземат целата одговорност за неделувањето со кое го овозможија овој напад. Да се расчисти до крај, а насилниците да бидат изведени пред правдата без одлагање“, побара СДСМ.
Поврзани содржини