БАЈ ГАЊО ЌЕ НИ ПРОСТИ ШТО НÈ ТЕПАЛ Само Мицкоски треба да се извини?!

Бугарскиот премиер Росен Жељазков бара Мицкоски да се извини за аналогијата со глушецот и лавот со која одговори на провокациите дека бил „северномакедонски“ премиер од бугарскиот министер за надворешни работи. Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија исто така бара извинување од Скопје и замрзнување на дипломатските односи.

4,896

Летаат искри упатени од Софија кон Скопје откако македонскиот премиер Христијан Мицкоски со аналогијата за глушецот и лавот одговори на провокациите од бугарскиот министер Георг Георгиев кој претходно го нарече „северномакедонски премиер“.

Откако официјална Софија остро реагираше на изјавата на Мицкоски, се јави и бугарскиот премиер Росен Жељазков кој рече дека  „колегата Мицкоски треба да најде начин да се извини“.






– Наративот и изразот на премиерот Христијан Мицкоски ќе им бидат оставени на познавачите на Езоп. РС Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни преземените обврски – рече бугарскиот премиер по денешнот гласање за недоверба на неговиот кабинет – рече бугарскиот премиер откако преживеа гласање за недоверба во бугарскиот парламент.

Според Жељазков, многу луѓе во Бугарија не се задоволни од постигнатиот компромис во 2022 година, но политичката зрелост бара да се спроведе она што е договорено.

– Довербата во овие времиња е многу кревка – порачува тој велејќи дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Македонија, но целосно врз основа на спроведувањето на обврските од Договорот од 2022 година и на Договорот за добрососедство.

Уште една реакција и барање за извинување пристигна и од поранешниот бугарски амбасадор во Македонија Велизар Енчв.

Енчев реагираше на постапката на македонското Министерство за надворешни работи, кое вчера, 10 јули, го повика актуелниот бугарски амбасадор  Жељазко Радуков на разговор и побара извинување од Софија за зборовите на Георгиев кој го нарече Мицкоски „северномакедонски премиер“.

– Бруталните навреди (од Мицкоски)  кон нашиот министер за надворешни работи не се ‘инцидент’, туку дел од конзистентна антибугарска стратегија. Бугарија мора веднаш да го повлече својот амбасадор од Скопје „на консултации“. Нашиот амбасадор нема работа во главен град каде што е повикан на објаснувања и јавно навредуван. Бугарија не е должна да финансира, спасува од пожари и да отвора европски врати за земја што ја клевети преку сите можни канали – советува Енчев во својата објава дадена во телевизиско гостување.

Според дипломатот, по вчерашната изјава Мицкоски за „глушецот и лавот“, Бугарија не може да се преправа дека дипломатските канали функционираат нормално.

Мицкоски во четврокот, 10 јули, изјави дека македонските медиуми не треба да му посветуваат внимание на Георгиев, кој „одработува“ и зашто тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“, како кога „глушецот го задева лавот“.

 

Поврзани содржини