📽️ СТРАШЕН ГАФ НА ТРАМП И НАВРЕДА ЗА ЛИБЕРИЈА Го пофали за добриот англиски јазик претседателот на земјата чиј официјален јазик е – англискиот
Либерија е основана во 1822 година од Американското друштво за колонизација чија цел беше да ги пресели ослободените робови во Африка. Земјата прогласи независност од Американското друштво за колонизација во 1847 година, а денес во земјата се зборуваат различни јазици, а англискиот е официјален јазик.
Претседателот на САД Доналд Трамп покажа незнаење пред претседателот на Либерија Џозеф Боакаи за време на неодамнешната средбата во Белата куќа.
Имено Трамп му го пофали англискиот јазик на либерискиот претседател кој на средбата се обрати на официјалниот јазик на земјата – англискиот.
Американските медиуми објавија дека Трамп бил видно изненаден од говорењето англиски на либерискиот претседател Боакаи и го пофалил.
Трамп му кажа дека зборува „толку добар англиски“ и праша: „Каде научи да зборуваш толку убаво?“
Боакаи се насмеа и одговори дека научил во Либерија. Американскиот претседател рече дека тоа било „прекрасен англиски.“
-На оваа маса имам луѓе кои не можат ни приближно толку добро да зборуваат – рече Трамп.
Либерискиот претседател од учтивност не му кажа на Трамп дека англискиот е официјален јазик на Либерија.
Либерија е основана во 1822 година од Американското друштво за колонизација чија цел беше да ги пресели ослободените робови во Африка. Земјата прогласи независност од Американското друштво за колонизација во 1847 година, а денес во земјата се зборуваат различни јазици, а англискиот е официјален јазик.
Трамп им вети на лидерите на Либерија, Сенегал, Габон, Мавританија и Гвинеја-Бисао префрлување од помош кон трговија на ненадејната средба.
Тој ги опиша земјите како „сите многу живи места со многу вредна земја, одлични минерали и одлични нафтени наоѓалишта и прекрасни луѓе“.