ЛАЗАР РИСТОВСКИ Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ Високо актерско достигнување во уметноста на филмот
Добитник на „Наградата Мето Јовановски за високо актерско достигнување во уметноста на филмот“ е Лазар Ристовски.
– Лазар Ристовски е еден од оние актери кои се нарекуваат вистински амбасадори на балканскиот и медитеранскиот филм во неговата апсолутна форма и содржина. Лазар Ристовски е роден во Војводина, во Србија, со потекло од Македонија, има остварено актерски улоги во преку седумдесет филмови, во сите карактери и речиси на сите јазици на овој архипелаг. А домашната публика го памети по блескавите роли во македонските филмови „Јазол“ и „Збогум на дваесетиот век“. Му посакуваме добро дојде дома – изјави нашиот режисер, Јани Бојаџи, директор на „Фестивалот на балканскиот и медитеранскиот филм ПРЕКУ ЕЗЕРОТО“ и додава:
Тој истакна дека Фестивалот започнува на 7 август, кога „заедно со нашиот лауреат Лазар Ристовски ќе се радуваме на уметноста на филмот под ѕвезденото небо на Дојранското Езеро“.