ФАТЕНИ БИЛЕ КАКО ПОДМЕТНУВААТ ПОЖАР Уапсени се две лица во Скопје

1,381

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн чад, при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре, која е дива депонија, информира МВР.

Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и е изгаснат.  Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31).






Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава, информира МВР.

Поврзани содржини