СДСМ ГИ ПОВЛЕКУВА СИТЕ АМАНДМАНИ Бара пари за справување со пожарите и за настраданите во Кочани

409
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани и за тековните пожари низ државата.





– Прво, еден комисиски амандман, ќе побараме Комисијата за финансирани буџет да го прифати, а кој што ќе се однесува за последиците од пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани и за кој што ќе обезбедиме средства и за посебното законско решение за обесштетување на семејството на починатите, меѓутоа и за сите коишто се повредени од овој пожар. И вториот амандман кој што ќе го побараме, е да донесеме, односно да се прифати, амандман со кој што ќе одделиме финансиски средства, а за јакнење на капацитетите за справување со пожари – рече Спасовски.
Тој посочи дека не може да има никакви оправдувања во однос на тоа дека има недостаток на пожарникари, недостаток на финансиски средства, недостаток на опрема.
– Ние сметаме дека државата, односно парламентот, ја има таа можност, меѓутоа ја има и обврска пред граѓаните преку определување на финансиските средства, пред сè да се обезбедат средства за вработување на пожарникари коишто токму за вакви моменти ќе се најдат на државата и на граѓаните. Второ, за зголемување на платите на пожарникарите во државата, заради тоа што не може и не смее државата да се сеќава на оваа категорија на работници, само во моменти кога имаме криза и кога тие се справуваат со таа криза – рече Спасовски, додавајќи дека државата треба да помогне и во делот на финансиски средства за обесштетување, заради тоа што во пожарите има изгорени куќи, викенд куќи, фабрики.
Поврзани содржини