„ЏАГАТАЈ КАБЛО“ ЌЕ ГРАДИ НОВ ПОГОН ВО СКОПЈЕ Инвестицијата е вредна 6 милиони евра

Новата фабрика, која ќе почне да се гради утре, ќе биде двојно поголема од постоечката и освен што ќе отвори нови работни места, ќе донесе и нови технологии.

1,095

Турската компанија „Џагатај Кабло“ која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1  утре почнува изградба на нов погон, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Компанијата  ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на своето производство со изградба на нов објект од околу 10 000 квадрати, што ќе донесе нови 200 вработувања – реле Мицкоски.






Новата фабрика, која ќе почне да се гради утре, ќе биде двојно поголема од постоечката и освен што ќе отвори нови работни места, ќе донесе и нови технологии.

Инвестиција беше најавена во јули минатата година.

„Џагатај Кабло“ произведува жици и кабли за автомобилската индустрија. Тие ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

 

Поврзани содржини