📽️„ТЕ МИСЛАМ ПОВЕЌЕ ОД КОГА И ДА Е“ Тереза Кесовија ѝ се обрати на колешката која го загуби единствениот син
Хрватската пејачка Тереза Кесовија посвети емотивен пост на Инстаграм на својата долгогодишна пријателка, пејачката Габи Новак, која вчера (8 јули) наполни 89 години.
„Мојата Габи наполни 89 години. Повеќе од 65 години ја споделуваме животната приказна. И сега мислам на неа повеќе од кога било со многу љубов и благодарност за нашето долгогодишно пријателство“, напиша таа споделувајќи видео од заедничката изведба на хитот „Храбри луѓе“.
Објавата на музичката дива добива дополнителна тежина со оглед на тоа што Габи Новак поминува низ тежок период. Неодамна го загуби својот единствен син, истакнатиот музичар Матија Дедиќ, кој почина ненадејно на 53-годишна возраст.
Тереза Кесовија присуствуваше на комеморацијата за Матија Дедиќ.
– Габи и јас сме близначки. Она што таа го чувствува за мене, го чувствувам и јас за неа. Така ќе биде додека сме живи – изјави таа и додаде:
– А Матија, тој е токму таму на средина помеѓу нас двајцата и Арсен. И така ќе биде засекогаш – рече Тереза Кесовија за хрватските медиуми.
View this post on Instagram