ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПОЖАРНИКАР КАЈ БРАЗДА Паднал од четирицикл и завршил во болница

48-годишен пожарникар од Средно Коњари заврши во болница со тешки повреди откако паднал од четирицикл управуван од волонтер за време на интервенција на пожар кај „Жејковац“

151

Пожарникар од скопското село Средно Коњари се здобил со тешки телесни повреди за време на интервенција на пожар на местото викано „Жејковац“ во атарот на село Бразда, информира Министерството за внатрешни работи.

Настанот бил пријавен вчера во 10:10 часот во СВР Скопје. Според првичните информации, повредениот е Б.И. (48), пожарникар кој во моментот се превезувал со четирицикл управуван од волонтер од една до друга локација со цел да се преземат активности за гаснење на пожарот.






„Во текот на движењето, пожарникарот изгубил рамнотежа, паднал од четирицикл и се здобил со повреди“, велат од полицијата.

Б.И. веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана медицинска помош и биле констатирани тешки телесни повреди.

За случајот е известен јавен обвинител, а се преземаат понатамошни мерки за расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.

Поврзани содржини