ДРАСТИЧЕН РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА РЕТКИТЕ МЕТАЛИ Пекинг ги диктира со построги извозни контроли

Вкупно, цените на овие метали – клучни за високотехнолошко производство во електрониката, автомобилската и одбранбената индустрија – пораснале за 8% во доларски износ, но кај поединечките метали растот е многу повисок.

64

Цените на ретките земни метали нагло пораснале во мај, откако Кина воведе построги извозни контроли, покажува месечниот индекс на суровини на Баварската индустриска асоцијација (vbw), јави ДПА.

Вкупно, цените на овие метали – клучни за високотехнолошко производство во електрониката, автомобилската и одбранбената индустрија – пораснале за 8% во доларски износ.






Некои елементи забележале и поголем раст: тербиумот се зголемил за речиси 19%, гадолиниумот за 17%, а самариумот за повеќе од 15%.

Овој пораст следи по најавата на Пекинг во април за нови ограничувања на извозот на неколку ретки елементи, како одговор на најавените царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Кина обработува околу 90% од индустриските ретки земни метали во светот, според различни проценки. Цените достигнаа рекордни вредности во 2022 година за време на пандемијата, кога глобалните синџири на снабдување беа нарушени.

Германската федерација на индустријата (BDI) неодамна предупреди дека растечката зависност на Европа од Кина за критични суровини претставува стратегиски ризик.

Поврзани содржини