ИНТИТУЦИИТЕ НЕМА ДА РАБОТАТ ЗА ПРИВИЛЕГИРАНИТЕ Реформите во правосудствто не останаа на хартија, оцени Филков

Во изминатите 12 месеци, подготвени се и доставени до Владата 22 системски закони, од кои 13 се директно предвидени со Реформската агенда. Станува збор за закони што го засегаат правосудниот систем – изборот, оценувањето, платите, статусот и одговорноста на судиите и на обвинителите, како и институционалните капацитети на Советите, вештачењето и службите во правосудството, рече министерот за правда, Игор Филков на отчетот по повод една година Влада.

206

По една година од формирањето на Владата, Министерството за правда презентира јасни резултати од процесот на рестартирање на правосудниот систем. Од нефункционална институција со затекнати долгови, блокирани механизми и изгубена доверба, Министерството денес се позиционира како столб на реформите и гарант на владеењето на правото, рече денеска министерот за правда Игор Филков во отчетот по повод една година од функционирањето на Владата.

– Во изминатите 12 месеци, подготвени се и доставени до Владата 22 системски закони, од кои 13 се директно предвидени со Реформската агенда. Станува збор за закони што го засегаат правосудниот систем – изборот, оценувањето, платите, статусот и одговорноста на судиите и обвинителите, како и институционалните капацитети на Советите, вештачењето и службите во правосудството – рече Филков.






Клучен меѓу овие, додаде министерот, е новиот предлог закон за Судскиот совет, кој претставува коренита промена во начинот на кој се избираат и се разрешуваат судиите, како и во одговорноста на самите членови на Советот.

– Од осумте закони во реформската агенда со рок до јуни 2025, 7 се веќе испратени во владина процедура: закон за платите на судиите, закон за платите на јавните обвинители, закон за платите на членовите на Судски совет, закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, закон за Судскиот совет, закон за судската служба, закон за јавнообвинителска служба. Во врска со осмиот закон од реформската агенда, Изборниот законик, текстот е подготвен од стручните служби во Министерството за правда, во согласност со препораките на ОДИХР. Предлогот е испратен на мислење до ОДИХР. Беше одржан состанок со претставниците на ОДИХР, за обезбедување експертска помош за целосно усогласување на одредбите со препораките на ОДИХР – изјави министерот Филков.

Покрај реформските закони, додаде тој, Министерството за правда подготви и 2 важни закона кои не се дел од реформската агенда, но произлегуваат од обврските кон ЕУ и препораките на ГРЕКО. Тоа се законот за заштита на укажувачи и законот за спречување на корупција и судир на интереси.

– Реформите не останаа само на хартија. Поништивме одлука на претходната влада со која беше десеткратно зголемена нотарската тарифа, се активираше Комората на вештаци, се стави во функција системот „Фемида“ за снимање судски рочишта, почна примената на електронските алки за извршување мерки, се отвори канцеларија за поддршка на жртви на насилство, формиравме нов Совет за координирање на информатичко комуникациската технологија во правосудството, го промовиравме првиот водич за бесплатна правна помош во постапките за азил, Почнавме едукативна кампања „Наша надлежност, твое право“ – наброја Филков.

Затекнавме министерство без стратегија, без систем и без волја, додаде тој.

– Денес, правдата зборува гласно, со системски алатки, закони и професионални тела. Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилегираните. И ова е само почеток – порача министерот за правда Игор Филков.

Поврзани содржини