УШТЕ 10% ЦАРИНА ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ СЕ ВО СОЈУЗ СО БРИКС Трамп нема да прави исклучоци

Изјавата на американскиот претседател уследи откако земјите-членки на БРИКС ја критикуваа царинската политика, предложија реформи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и начинот на кој се одредува вредноста на клучните светски валути.

73

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека секоја земја што ја поддржува политиката на БРИКС, која е спротивна на интересите на САД, ќе се соочи со дополнителна царина од 10%.

„Секоја земја што се согласува со антиамериканската политика на БРИКС ќе плати ДОПОЛНИТЕЛНА царина од 10 проценти. Нема да има исклучоци“, објави Трамп на својата социјална мрежа „TruthSocial“.






Неговата изјава уследи откако земјите-членки на БРИКС ја критикуваа царинската политика, предложија реформи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и начинот на кој се одредува вредноста на клучните светски валути.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент вчера изјави дека царините што ги објави Трамп уште во април ќе стапат на сила на 1 август за сите земји што дотогаш нема да постигнат договор со неговата администрација.

Лидерите на БРИКС вчера и денеска учествуваат на Самитот во Рио де Женеиро, од каде повикаа на реформа на глобалните институции и го претставија сојузот како платформа за дипломатија во време на зголемени трговски конфликти и геополитички тензии.

Поврзани содржини