НЕВЕРОЈАТНА СРЕЌА ВО СРБИЈА – СЕДУМГОДИШНО ДЕТЕ ПАДНА ОД 5. КАТ И ПРЕЖИВЕА Паднало врз трева и наредени картонски кутии и тоа го спасило
Брзата помош брзо го префрлила детето во болница, каде што е констатирано дека е во стабилна состојба. Сега е во болница во Белград каде се испитува какви внатрешни повреди има после тешкиот пад.
Тешка несреќа се случи синоќа во станбената зграда „Хари Трејд“ во Нови Пазар, Србија, кога седумгодишно дете падна од петтиот кат. За среќа, детето преживеа, а минувачите го нашле свесен, со гребаници.
Брзата помош брзо го префрлила детето во болница, каде што е констатирано дека е во стабилна состојба. Сега е во болница во Белград каде се испитува какви внатрешни повреди има после тешкиот пад.
Жителите на градот Нови Пазар, Санџак, денеска сепотресени од синоќешната несреќа. Споре тамошние медиуми, момчето во моментот на несреќата било само во станот. Сè уште не е познато како се случил падот, но неофицијално се известува дека детето отворило прозорец и ја изгубило рамнотежата.
Падот на момчето беше ублажен од трева и наредени картонски кутии, со што беше избегната голема трагедија. Според лекарите, тоа најверојатно му го спасило животот.
Во моментот на падот, неколку жени кои се нашле во близина и истрчале да помогнат. Момчето било свесно и комуникативно.
Сведоци рекле дека слушнале тресок и вресоци непосредно пред да пристигне помошта.
– Сè се случи одеднаш, слушнавме силен тресок и вресоци. Брзата помош пристигна многу брзо, детето веднаш беше однесено во болница – рече еден од сведоците на несреќата.
Жителитете на градот од утрово испраќаат пораки за поддршка на момчето.
„Сите сме со тебе, се молиме на Бога да оздравиш и што поскоро да се вратиш кај твоите пријатели на игралиштето“, пишуваат сограѓаните.