ЗА 15 ГОДИНИ 15 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА ТАВ И ВИЗЕР ВО МАКЕДОНИЈА Пречекан јубилејниот патник на Скопскиот аеродром

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, која е членка на француската групација АДП (Aeroports de Paris), партнерството со нискобуџетната унгарска авиокомпанија, Виер, го почна во јуни 2011 година, со првиот лет од Меѓународниот аеродром Скопје до аеродромот Лутон-Лондон.

93

ТАВ Македонија и Визер денеска го пречекаа 15 милионитиот патник на оваа нискобуџетна авиокомпанија во земјава, од нивниот влез на пазарот во 2011 година досега.

Патникот  кој дојде од со летот на Визер од Дортмунд беше награден од ТАВ Македонија со патнички реквизити, а од Визер со вредносен ваучер за авиобилети за дестинација која самиот ќе ја избере.






ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, која е членка на француската групација АДП (Aeroports de Paris), партнерството со нискобуџетната унгарска авиокомпанија, Виер, го почна во јуни 2011 година, со првиот лет од Меѓународниот аеродром Скопје до аеродромот Лутон-Лондон.

Визер денес има база од 5 авиони на меѓународниот аеродром Скопје и опслужува 30 дестинации до 12 земји до и од нашата земја, со пазарен удел од над 46%, со што е најголемиот авиопревозник на македонскиот пазар.

Во 2024 година Визер превезе 1,8 милиони патници преку двата македонски аеродрома, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, а според бројот на патници, најфрекфентни рути на Виз ер се авиолиниите од Скопје до Милуз, Дортмунд, Мемингем и Берлин.

Поврзани содржини