ПЕКОЛ ЗА ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ОД ТЕТОВО Злоупотребувани, снимани, присилувани, еден од осомничените малолетник
Снимале со мобилен и ја принудувале една од жртвите на однос со други лица, случајот ќе добие кривична разрешница.
Двајца млади лица од Тетово, едниот на возраст од 18 години, а другиот малолетен, се уапсени од страна на полицијата по пријава за повеќекратна сексуална злоупотреба на две малолетни девојчиња, ќерки на 37-годишна жена од Тетово.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лишувањето од слобода било извршено на 2 јули 2025 година, во 15:30 часот во селото Горно Седларце и во 22:55 часот во Тетово, од страна на СВР Тетово и Полициското одделение Камењане.
Според наводите од пријавата, двајцата осомничени во неколку наврати извршиле обљуба врз двете девојчиња, а дополнително снимале дел од чинот со мобилен телефон. Особено шокантен е делот од пријавата кој открива дека едното од девојчињата било присилувано да има сексуален однос и со други лица, под притисок на осомничените.
Од МВР потврдуваат дека јавен обвинител бил веднаш известен, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против двајцата сторители.