📷 🎥 КЕЈТ МИДЛТОН ИЗНЕСЕ НОВИ ДЕТАЛИ ЗА БОРБАТА СО РАКОТ „Многу е тешко, не сум повеќе истата“

„Не сте во можност нормално да функционирате дома како што можеби сте биле навикнати“, рекла принцезата Кејт.

1,856

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон вчера ја посетила болницата „Колестер“ во Есекс и во таа прилика открила некои непознати детали од својата борба со ракот.

Кејт Мидлтон (43) објави во март 2024 година дека морала да се подложи на хемотерапија откако тестовите извршени по големата операција на абдоменот откриле дека е присутна неодредена форма на рак.






Таа ја заврши хемотерапијата во септември минатата година и сега е во ремисија.

 


„Градите еден вид храброст, стоицизам во текот на лекувањето, лекувањето е завршено, потоа си помислувате: „Можам да продолжам, можам да се вратам во нормала“, но всушност фазата по тоа е навистина… тешка“, рекла Мидлтон, пренесува Ројтерс.

Обракајќи им се на персоналот, пациентите и волонтерите во болницата, британската принцеза ја нагласила важноста на поддршката по лекувањето, истакнувајќи дека иако пациентите можеби повеќе не се под клиничка нега, тие честопати сè уште се борат да „функционираат нормално дома“ како што некогаш правеле.

Кејт ги опиша дијагнозата и лекувањето на ракот како „огромна промена на животот“ и за пациентите и за нивните сакани.

„Ова е ролеркостер, не е мазна рамнина“, рекла принцезата.

 


Кејт постепено се враќаше на своите кралски должности, но ги пропушти коњските трки во Ројал Аскот минатиот месец, а кралски извор ја наведе нејзината потреба за рамнотежа по третманот на ракот.

„Понекогаш не го препознавате тоа, не мора нужно, особено кога е прв ат, да сфатите колку големо влијание ќе има тоа. Мора да ја пронајдете својата нова нормалност… Но, реалноста е дека не е така, поминувате низ тешки времиња“, рекла принцезата Кејт во текот на разговорот со онколошките пациенти.

Во текот на посетата на болницата, Кејт ја посетила и градината каде што се одгледуваат некои од растенијата што им помагаат на пациентите со онкологија да поминат низ хемотерапија, а колку природата ѝ значи, таа го опишала со зборовите: „Тоа беше моето засолниште, изворот на мојата сила во текот на закрепнувањето“.

Поврзани содржини