„КОЛКУ ПОМАЛКУ ОРУЖЈЕ ЗА КИЕВ, ТОЛКУ ПОБЛИСКУ Е КРАЈОТ“ Русија задоволна од прекинот на испораките за Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија сфаќа оти намалувањето на американската воена помош за Украина е резултат на исцрпени залихи, но нагласи дека тоа само ќе го забрза крајот на „специјалната воена операција“, како што официјално Москва ја нарекува војната во Украина.

229

Кремљ ја поздрави веста дека САД ги прекинале испораките на одредени видови оружје за Украина и оцени дека секое намалување на американската воена помош значи „поблиску до крајот на војната“.

– Сфаќаме дека причината за оваа одлука е недостиг на оружје во американските магацини. Во секој случај, колку помалку оружје ѝ се испорачува на Украина, толку поблиску е крајот на специјалната воена операција – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.






Според западни медиуми, Пентагон престанал со испораките на некои противвоздушни ракети и високопрецизни муниции поради загриженост за сопствените резерви. Висок украински пратеник го оцени ова како „болно“ за обидите на Киев да се одбрани од зголемените руски воздушни напади во последните недели.

Песков, исто така, изјави дека Франција ја побарала телефонската комуникација меѓу претседателите Емануел Макрон и Владимир Путин, што била прва директна средба по речиси 3 години. Разговорот, кој траел повеќе од 2 часа, бил „многу содржаен“ и опфатил теми како војната во Украина и конфликтот меѓу Иран и Израел.

На новинарско прашање дали Макрон покажал подготвеност да разговара за мировни услови кои би ги признале новите реалности на теренот, Песков одговори:

– Не, не покажа. Имаше размена на мислења, а разговорот опфати и детали. Ова беше добра можност за разјаснување на ставовите.

САД ВАДАТ ОД УСТА ЗА ДА ИМ ДАДАТ НА УКРАИНА И НА ИЗРАЕЛ Дали прекинот на испораката на оружје е фатален удар за Киев?

Поврзани содржини