Дошол Тарзан на гости кај Мујо.
Шетаат двајцата во дворот и ете една мачка.
– Мјау!!!
Му вели Тарзан на Мујо:
– Зошто не си ја нахранил мачката, идиоте, вели дека е гладна!
– Добро, Тарзане, не се лути, ќе ја нахранам.
Се појавило и едно куче:
– Ав! Ав!
– Мујо, скоту еден, не си му дал вода на кучево, вели дека е жедно!
– Веднаш, веднаш, Тарзане, само не се лути.
Сретнуваат и една овца.
– Меее, мееееееее!
А Мујо му вели на Тарзан:
– Не е вистина, Тарзане, ништо не сум ѝ направил, лаже, ороспија една!