РЕВИДИРАНИОТ БУЏЕТ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО БУЏЕТСКАТА СТРАТЕГИЈА Бишев предлага непотрошените пари за капитални инвестиции да не се трошат за друга намена
Претседателот на Фискалниот совет, осврнувајќи се на остварувањата во првите 5 месеци од годинава и ревидираниот буџет, наведе дека растот е воден од домашната потрошувачка и посочи дека кога растот ќе достигне одредено ниво макроекономските политики треба постепено да им отстапат место на меѓународните пазари, на приватниот сектор, повеќе да се извезува.
Се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со Фискалната стратегија. Клучно е економското почитување на фискалните правила, порача денеска претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев во обраќање на дебатата за ребалансот на Буџетот за 2025 година во матичната собраниска комисија.
Фискалниот совет до Комисјата за финансирање и буџет достави три документи, Мислење за буџетот, за Фискалната стратегија и Анализа дали постои фискален простор за евентуално дополнително задолжување и дали тоа значително ќе ја наруши стабилоста на буџетот.
Бишев истакна дека ревидираниот Буцет е во согласнот со буџетската стратегија и ја повтори препораката доколку инвестиците за капитални расходи не се реализираат како што се проектирани да не се пренаменуваат за тековни раходи, туку да се заштедат и да се пренаменат за трошења за наредните години. Фискалниот совет направи две сценарија, едно без значителни структурни промени и реформи со раст од 3% и второ со позначителни ивестици на приватен и јавен сектор, раст на продуктивноста и реформи, со раст од 3,7 до 4% од БДП годишно.
Осврнувајќи се на остварувањата во првите 5 месеци од годинава и ревидираниот буџет, наведе дека растот е воден од домашната потрошувачка и посочи дека кога растот ќе достигне одредено ниво макроекономските политики треба постепено да им отстапат место на меѓународните пазари, на приватниот сектор, повеќе да се извезува.
– Од тој аспект раст од 3%, 3,5 %, е веќе индикација дека не може да одржуваме буџетски дефицит понатаму од околу 4% за да го стимулираме домашниот раст само со мерки на домашната потрошувачка.
И од тој аспект имајќи го предвид во Фискалната стратегија и за 2025 и 2029 година, Фискалниот совет прифати постепено намалување на буџетските дефицити, а исто така и на јавниот долг, се со цел пак да не биде контрапродуктивно. Меѓшутоа, сега се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со Фискалната стратегија – рече Бишев.
За пет месеци, дополни, иако буџетскиот дефицит е помал во однос на истиот период од претходната година, тој е на ниво од 1,8% од БДП, што значи на годишно ниво доколку се оди онака како што е планирано со ревидираниот буџет би биле околу 4%.
– Најголемиот предизвик е што целиот овој дефицит е резултат на тековните расходи. Значи капиталните расходи во однос на планирањето се рализирани со 22,5% и од тој аспект доколку очекуваме забрзување на капиталните расходи до крајот на годината, постои голем ризик доколку не се остварат проектираните приходи, особено ДДВ, наша препорака е тоа да се следи и навреме да се реагира – оцени Бишев.
Посочувајќи дека тековните трансфери и плати во буџетот учествуваат со 65% од вкупните расходи порача дека „ е многу тешко за маневарски простор за корекција кога има вакви буџетски обврски. И затоа, потецираше, овие ризици мора да се имаат предвид кога економијата ја влече агрегатната побарувачка.
Фискалниот совет, како што рече, ја охрабрува определбата да се води сметка за секој трошок вклучително и трошокот на задолжување којшто достигна 2%, каматните расходи достигнаа скоро 2% од БДП.
-И од тој апсект ако се погледа примарниот буџетски дефицит, ќе се види дека тој многу побргу се намалува од вкупниот буџетски дефицит. Тука треба да се искористат сите обиди особено во период сега на намалување на каматните стапки на меѓународните финансиски пазари. Ја повторуваме нашата препорака доколку инвестициите за капитални расходи не се реализираат онака како што се проектирани, да не се пренаменуваат во тековни расходи коишто и така се веќе на максимално високо ниво во Буџетот за 2025 година. Нашата препорака е да се заштедат во тој случај и да се пренаменат за трошење за наредните години – рече Бишев.
Ревидираниот буџет, дополни, е во согласност со буџетската стратегија и предложената до Партламентот.
Во однос на тоа дали има простор за дополнително задолжување за инфраструктура, а не за дефицит врз основа на тековните расходи, направиле симулација со моделот на ОЕЦД. Земени се две сценарија со дополнителни инвестици од 2 милијарди евра. Едното да се реализира во три години, другото да се реализира во пет години.
– Се доаѓа дека наместо намалување на јавниот долг би имало благо зголемување, едното сценарио кои би достигнало до 65 проценти, а второто сценарио 63 проценти. И од тој аспект клучно е економското почитување на фискалните правила, а не само само формалното, инвестициите да генерираат раст на продуктивноста и буџетските дефицити врз основа на тековни јавни расходи да конвергират кон нула. Значи во тој случај исклучокот, она што е правило во ЕУ, би бил само врз основа на јавни инвестиции – потенцира претседателот на Фискалниот совет.
Претходно заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во образложение на ребалансот рече дека предложените измени и дополнувања на Буџетот се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено управување со јавните финансии. Рече дека се базираат на непроменети макроекономски претпоставки и прилагодување на фискалните проекции кои на расходната страна обезбедуваат целосно финансирање и реализирање на стратешките приоритети и програмски определби без да се промени нивото на буџетскиот дефицит.
Тој побара поддршка за предложениот ребаланс од пратениците истакнувајќи дека со него ќе се обезбеди поефикасно и поодговорно управување со јавните финансии, со фокус на стабилност, отчетност и ефективност во трошењето.