Со сила убавина не бидува
Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.
РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 05.08.1998 година)
Пред некој ден, спроти Илинден, слатко се изнасмеав на еден виц што раскажува колку многу се израдувал еден пензионер кога дознал дека годинава, во првата недела на август, нема да се работи во понеделник со оглед на тоа што празникот се паѓа во викендот. Универзитетските професори, барем лете, многу личат на пензионерите: имаат бесконечно долги ферии, во кои неделите не се разликуваат многу од работните денови. Особено годинава!
По немилите настани од ланскиот Илинден (истурањето на водата од устата врз облеката на претседателот на Републиката и неговото исвиркување за време на празничниот говор), годинава некој се сетил да го прати првиот човек на државата на сигурно, во некаква караула, каде што со војничката атмосфера, нема теорија да се повтори такво нешто. А за да не му се случи нешто слично на младиот бестрашен борец против октоподи и други гадинки, овојпат (велат!) тоа требало да го оневозможат околу петстотини полицијаци и триесет специјалци. Така, со оглед на тоа што секое изненадување беше исклучено, мора да признам дека самата партиска прослава на Илинден не ме интересираше премногу, па празникот (на овие морничаво високи температури) ми помина главно во друштво на убавата книга „Louis Philippe e Louis XVIII” на Мишел Поњатовски.
Фала му на Бога што принцот Поњатовски навреме се повлече од политиката и им се посвети на историските истражувања, па така и настана ова дело, што во некои аспекти е интереснo и за македонските прилики. Книгата, имено, зборува за тамошната „транзиција” по протерувањето на Наполеон, што Французите, како народ кој сака прецизност, ја нарекуваат „реставрација”. (Патем речено, вака би морало да се нарекува и она што го правиме, односно што би требало да го правиме, во Македонија: реставрација на граѓанското општество, кое т.н. комунисти го разнебитија во периодот од 1945 годнна до денес.) Во некои клучни точки сличноста со Македонија е евидентна: како што Луј XVIII им ја должеше својата (повратена) круна на странците, така и нашата реставрација главно се должи на потребите и заложбите на странците.
Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.
***
Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.
Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.