„ЦAЦИ ГОТОВА СИ“ Петровска добила закани пред нејзиниот дом, полицијата презема мерки

Пратеничката Славјанка Петровска зборува за вербалните закани упатени кон неа пред домот во Скопје.

697

Доцна синоќа пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, доживеала вербален напад и закани додека се наоѓала пред зградата каде што живее на булеварот Србија во Скопје. Од автомобил мерцедес со охридски регистарски таблички ѝ било упатено: „Цаци, готова си“, по што лицето се повлекло.

Полицијата потврди дека на 02.07.2025 околу 02 часот во Полициската станица Кисела Вода била пријавена заканата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на лицето кое го возело автомобилот.






Во изјава за „Слободен печат“, Петровска истакна дека заканите веројатно се поврзани со нејзиното пратеничко прашање поставено минатата недела, кое се однесувало на случај со дете одземено од мајката и дадено на таткото. Таа нагласи дека не го критикува судското решение, туку постапката на службеник од Центарот за социјални работи кој без одобрение се обидел да го одземе детето, и дека сведочела како детето не сакало да се одвои од мајката, која живеела во нејзината зграда.

Поврзани содржини